Лажец
Населбата се наоѓа на крајниот јужен дел на Битолско Поле, на 16 км оддалеченост од Битола. Атарот на селото допира до државната граница со Р Грција. Селото има рамничарски карактер.
Од Лажец емигрирала значителна популација, па затоа селото минало од голема (во 1953 година имало 1 220 жители), а подоцна во средна населба. Така селото во 2002 г. имало 302 жители. Вкупната емигрирана популација од селото изнесува над 1 000 лица. Најмногу од населението се иселило во Битола, Турција, Шведска и прекуокеанските земји.
Во селото има црка Св. Димитриј, обновена во 1961 г. и еден манастир Св. Петка. Слави на селото се Митровден и Бајрам.
Цркви и Манастири
Св. Димитриј
Св. Петка
Општина Битола