Драгош
Населбата е посебно интересна и според местополжбата и плодното поле. Се наоѓа на крајниот јужен дел на Битолско Поле и припаѓа на групата потпелистерски села на Баба Планина, чиј атар допира до државната гранична линија со Р Грција. Според конфигурацијата селото е ридско, чии куќи се издигаат на 650-700 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 20 км.
Името на селото е според личното име на некој Драго или Драгош, кој прв се населил на оваа месност.
Во 1961 г. селото броело 449 жители, а во 2002 г. 33 жители. Од селото емигрирале оклу 800 жители. Најголем број од драгошките емигранти се наоѓа во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европа. Доколку би останале сите во Драгош, населбата би имала над 2 000 жители.
Празник на селото е Св. Илија (2 август).