Граешница

        Населбата се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Битола, во Битолско Поле. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на 700 м надморска височина. Од Битола е оддалечена 17 км, а од локалниот пат 1, 5 км.

        Слично како и селото Градешница, така и името на оваа населба доаѓа од фактот што тука во минатото имало укрепено населба која се викала град, градец, така се дошло до денешното име на селото Граешница.

        Во 1961 г. селото броело 444 жители, а во 2002 г. се намалило на 190 жители. Најголем број од населениците емигрирале во Битола и прекуокеанските земји. Вкупно од селото се иселиле над 400 лица. Во селото има црква Св. Спас (1860 г.) и манастир Св. Теодор – 1010 м надморска височина (граден на стари темели во 1860 г.).

        Денот на селото е Св. Атанас (31 јануари).

Цркви и Манастири

Св. Спас

Манастир Св. Теодор

Св. Атанас

Св. Никола

Св. Архангел Михаил

Св. Богородица Пречиста

Св. Димитриј

Св. Петка

Св. Недела