Велушина
Селото се наоѓа во јужниот дел на Битолското Поле и може да се смета како потпелистерско село. Населбата е ридска на 720 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 17 км.
Велушина е познато по Велушка Тумба - праисториска населба од неолитот (откриена во 1952 г.). Според тоа населбата има богата и долга историја од над 8 000 години. Селото има прекрасни стари градби, со интересна архитектура од првата половина на 20-ти век.
Населбата во периодот на крајот на 19 и почетокот на 20 век наликуваше на мал град, бидејќи имало повеќе дуќани, десет воденици и многу печалбари, кои од спечалените пари изградиле убави куќи.
Од Велушина се иселило голем број од населението, над 1 500 лица. Максималниот број од 1 372 жители во населбата се регистрирани во пописот од 1971 г. и оттогаш, па натаму бројот постојано се намалува, така во 2002 г. биле регистрирани 160 жители. Најголем број од велувци се иселиле во Битола, Скопје, САД, Канада, Австралија и Европа. Според велувци, доколу би се собрале сите на едно место би имало околу 5 000 жители.
Празник на манастирот и ден на селото е Ѓурѓовден (6 мај).