Острец

        Според една легенда, наводно, на ова место дрварите од околните села ги остреле секирите, па затоа прво месноста, а потоа и селото кое се формирало се именувало со тоа име. Второ: според местоположбата на селото, кое се наоѓа на ридовите на планината Баба, веројатно така се именувал некој врв или рид во неговата околина.

        Населбата се издига до сртот на планината Баба. Се наоѓа на 960 м надморска височина и спаѓа во групата на планински села. Од Битола населбата е оддалечена 18 км. Селото има мешовита  земјоделска функција. Во него работи основно училиште до 4 одделение, со настава на албански јазик. Во селото има споменик на паднати борци во НОБ. Патот до селото е асфалтиран.

        Острец во 2008 година беше населено исклучително со албанско население и со текот на времето преминало од средна во мала населба.  Не се знае точно кога македонското население се иселило од ова село.

        Селото во 1961 година броело 526 жители, а во 2008 година  се намалило на 186 жители. Најголем број од иселените жители се населени во Битола, Турција, околните села, во Австралија, САД, Канада, Германија и други европски држави.

        Во населбата има џамија, празник на селото е Бајрам. Се претпоставува дека во селото имало и црква.

Џамии

Џамија