Барешани
Селото се наоѓа под источната падина на Баба Планина, на јужната страна од Битолското Поле. Селото е ридско и лежи на 660 м надморска височина. Лоцирано е непосредно до второстепен локален пат, а од Битола е оддалечено 12 км.
Според легендата првите доселеници во ова село биле од полето, т.е. од оние места каде имало бари. Ова придонело жителите на оваа општина да ги викаат барешани, а селото Барешани.
Во 1961 година селото броело 498 жители, а во 2002 година 205 жители. Голем број барешанци се иселени во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.
Во селото храмот е посветен на Св. Димитриј, а манастирот на Св. Меркуриј.
Цркви и Манастири
Св. Димитриј
Манастир Св. Меркуриј
Општина Битола