Злокуќани

        Населбата си го добила името по неговите жители, кои биле познати меѓу околните села како „зулумџии“. Се смета дека во селото имало црква.

        Населбата е планинска, сместена е на 1 060 м надморска височина и се наоѓа во југозападниот дел на Битолското Поле, на источната падина на планината Баба. Од Битола е оддалечено 11 км, а од локалниот пат околу 5 км. До Злокуќани нема изградено пат. Селото од три страни е заградено со разграноците на Баба Планина, а од исток со соседното село Бистрица.

        Во 1900 година Злокуќани имало 500 жители. Населението најмногу настрадало во Првата светска војна, бидејќи токму низ него минувал познатиот Македонски фронт и каменот од црквата, дури и од куќите бил употребен за изградба на воени објекти.

        Злокуќани била мала населба, која во 1953 година броела 156 жители, од кои 150 Турци, 3 Албанци, 2 Македонци и 1 други. Поради иселувањето, во 1961 година паднала на 23 жители, за во 2002 година целосно да се расели, односно населението се доселува во соседното с. Бистрица и други околни села.

        Денес во селото постои само полу рушена Џамија и остатоци од некои куќи.