Лавци

        Населбата е лоцирана во непосредна близина на Битола, со тенденција за брзо време да стане предградие. Селото има прекрасни стари градби, со интересна архитектура од првата половина на 20 век.

        Една легенда вели дека името го добило по кучешките лаежи кои постојано се слушале во Битола. 

        Лавци се наоѓа во југозападниот дел на Битолско Поле, недалеку од градот, на 2 км, чиј атар се издига на падината на планината Баба.

        Селото е ридско и се наоѓа на 810 м надморска височина. Лавци е средна по големина населба, но со постепеното приближување на новите куќи кои забрзано се градат, за скоро време селото ќе се припои кон град Битола. Сепак Лавци во 1961 г. броело 620 жители, а заради иселување во градот и странство се намалило и во 2002 г. имало 338 жители.

Цркви и Манастири

Св. Никола

Св. Илија

Свето Благовештение