Нижеполе

        Името на оваа населба е добиено поради конфигурацијата на теренот, т.е. селото е распослано во подножјето на Баба Планина, под врвот Пелистер, на една зарамнета површина, низок терен – поле. Од Битола населбата е оддалечена 12 км. Атарот на Нижеполе се издига до сртот на Баба планина.

        Нижеполе во 1961 г. броело 577 жители, а во 2002 г. бројот се намалил на 186 жители. Бројот на емигрираното население е преку 300 лица. Најголем број се иселиле во Битола, прекуокеанските земји и во Европа.

        Непосредно до селото има викенд-зона од над 150 викендички.

        Празник на селото е Св. Атанасиј Велики и Бајрам за муслиманското население.

Цркви и Манастири

Св. Атанас

Св. Петка

Џамии

Џамија