Брусник

        Населбата се наоѓа во подножјето на Баба Планина. Брусник лежи западно од градот на оддалеченост од околу 3 км. Населбата е ридска и се наоѓа на 870 м надморска височина. Во селото има споменик на паднатите борци во НОБ и прекрасни стари градби, со интересна архитектура.

        Во 1948 година во населбата се регистрирани 964 жители, а по 1961 година, кога броело 898 жители, започнало интензивно да се раселува; најголем број се во Битола, Скопје, а особено во Австралија, САД, Канада и Европа. Така во 2008 г. бројот се намали на 186. Се смета дека повеќе од 2 000 брусничани се иселиле во странство.

        Во последните неколку децении изградени се повеќе викендички.

        Со шест цркви Брусник многумина го именуваат за „Битолска Света Гора“.

        Видео репортажа - Село Брусник

Цркви и Манастири

Рождество на Пресвета Богородица

Св. Петка

Св. Ѓорѓи

Св. Димитриј

Св. Спас

Параклис - Св. Недела