Раштани

        Името на населбата е во врска со стеблата на расје (растови), па затоа жителите на ова село ги викале расјани, подоцна трансформирано во Раштани. Населбата се наоѓа недалеку од Битола, на околу 3 км и припаѓа на приградската рурална зона.

        Селото е ридско, на 670 м надморска височина, сместено во долината на реката Снеговка. Во 1961 г. селото имало 187 жители, а во 2002 г. - 396 жители. Голем број од селаните се иселиле во македонските градови, прекуокеанските земји и Европа.

        Раштани има две селски слави, една на 3 јуни – Св. Никола летен и на 24 јуни (Вртолум).

Цркви и Манастири

Св. Никола