Трново

        Населбата се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Битола, на североисточната падина на планината Пелистер. Селото е планинско, сместено на 960 м надморска височина. Од градот Битола, населбата е оддалечена 11 км. Местоположбата на селото овозможила голема комуникација со Битола.

        Под црквата, источно од Битола е сместена населбата со викендички – жители на Битола. Населбата е од средно развиен тип којашто во 1961 г. имала 292 жители, а во 2002 - 278жители. На 30 јули, секоја година се одржуваат познатите „Трновски средби„ на Македонците од егејскиот дел. Се проценува дека бројот на иселени лица е преку 2 000. Најмногу иселеници од Трново има во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.

        Во селото се наоѓа манастирот Св. Богородица.

Цркви и Манастири

Пресвета Богородица

Џамии

Џамија