Оптичари
Според една легенда се кажува дека жителите на оваа населба прозиведувале опинци, односно биле опинчари, па со текот на времето овој збор се трансформирал во денешното име.
Селото е рамничарско, на 577 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 9 км. Оптичари е средна по големина населба. Максималниот број од 851 жител е регистриран во пописот од 1981 г. Во 2002 г. бројот се намалил на 317 жители. Населението се иселило во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.
Ден на селото е Атанасовден (15 мај).
Цркви и Манастири
Св. Архангел Михаил
Св. Ѓорѓи
Св. Спас
Параклис - Св. Никола
Општина Битола