Бистрица

        Селото лежи јужно од градот Битола на оддалеченост од помалку од 8 км. Бистрица во период од 1996-2004 година беше седиште на истоименска општина. Населбата е рамнинска, иако куќите лежат просечно на 620 м надморска височина.

        Името на населбата е добиено по бистрата планинска вода на реката што тече низ селото.

        Во 1961 година селото броело 734 жители, а во 2002 година – 1015 жители. Голем број бистричани се иселени во Битола, Скопје, САД, Австралија, Шведска, Германија.

        Во селото има црква Св. Ѓорѓија и манастир Св. Никола – летен. Слава на селото е Ѓурѓовден (6 мај).

Цркви и Манастири

Св. Георгиј

Св. Никола