Крстоар

        За населбата постои легенда дека во месноста се населил некојси Крсте, па по неговото име си го добила името. Селото од Битола е оддалечено 3, 5 км и има ридски карактер (677 м надморска височина) со прекрасна клима и местоположба, поради што старите градби од камен се обновуваат и покрај нив се градат викендички.

       Крстоар во 1981 г. била средна по големина населба, со 469 жители. Како резултат на иселувањето, селото во 2002 г. станало мало со 167 жители. Најголем број (околу 300 лица) се иселил во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.

       Крстоар е интересно село со посебен култ кон христијанството. Крстоарци се добри печалбари. Во селото има црква Св. ап. Петар и Павле.

       Во близина на селото се наоѓа средновековен манастир – Св. Христифор, изграден порано, обновен во 1815 г. и повторно реновиран во 1898 г.

Цркви и Манастири

Св. Петар и Павле

Св. Ѓорѓи - Сребрена вода

Манастир Св. Христофор