Поешево

        Рамничарски тип на село, сместено во средишниот дел на Битолско Поле. Името на селото е во врска со фактот што на ова место добитокот од околните села го носеле да се напои со вода. Затоа месноста ја завикале Поешево.

        Во 1981 г. селото имало 389 жители, а во 2002 г. - 272 жители. Населението се иселило (мигрирале над 150 лица) во Битола, Ресен, Кравари, прекуокеанските земји и Европа. Доколку би се вратиле, селото би имало околу 700 жители.

        Црквата на селото е посветена на св. Ѓорѓи, а слава им е Ѓурѓовден.

Цркви и Манастири

Св. Ѓорѓи