Логоварди
Населбата го добила името по стационираниот турски воен логор, каде постепено за потребите на логорот се подигнувале куќи, чие население ги опслужувало војниците.
Населбата се наоѓа на источната страна на Битолско Поле, од десната страна на Црна Река. Селото е рамничарско на 578 м надморска височина.
Логоварди е голема населба со максимален број од 1 272 жители забележан во 1981 г., откога забрзано почнува популациски да се намалува. Во 2002 г. имало 699 жители. Се проценува дека од населбата имаат емигрирано над 800 лица. Најголем број од населението се иселило во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.
Црквата во селото е Св. Ѓорѓи, а селска слава е Ѓурѓовден.
Цркви и Манастири
Св. Ѓорѓи
Општина Битола