Сливица
Името доаѓа од богатството на сливови стебла. Сливица претставува мала рурална населба што е сместена во југоисточниот дел на Битолското Поле, недалеку од локалниот пат од Битола за Мариово на јужниот дел од територијата на Општина Новаци. Од Битола е оддалечено 32 км., а од Новаци 21 км. Селото е ридско на 610 м. надморска височина. Атарот на селото зафаќа простор од 11,9 км2.
Населбата е мала во фаза на наполно раселување. Населена со македонско население. Таа во 1961 година имала 282 жители, а во 2002 бројот се намалил само на 3 жители. Бројот на иселеници изнесува над 200 жители. Најголем број од населението е иселено во Битола, Битолските села и прекуокеанските земји.
Во селото има два храма. Едниот посветен на Св. Никола изграден 1887 година и вториот храм Св. Недела кој е во изградба.