Велесело
Населбата го добила името од првиот доселеник кој се викал Вело. Првпат под име Вељо Село е запишано во турскиот опширен пописен дефтер од 1486 година.
Велесело се наоѓа на југоисточниот дел на територијата на Општина Новаци, неделакеу од левата страна на Црна Река, односно лежи во југоисточниот дел на Битолско Поле. Селото е ридско на 700 м надморска височина. Од Новаци е оддалечено 19 км., а од Битола 30 км. Атарот зафаќа простор од 6,6 км2. и има ридско рамнински карактер.
Населбата е мала и во 1961 година броела максимум 131 жител, а во 2002 е доведено пред целосно раселување кога се регистрирани само 4 жители. Најмногу население се иселило во Битола, село Брод и Австралија. Денес (2018) во селото има само 2 жители. Петре 58 и мајка му Доста 85 години.
Црквата е посветена на Успение на Пресвета Богородица.