Тепавци
Населбата се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, а приближно во средишниот дел од територијата на Општина Новаци, од левата страна на Црна Река.
Селото е ридско на 740 м. надморска височина. Од Новаци е оддалечено 12 км., а од Битола 23 км. Атарот зафаќа простор од 12,3 км2. и има ридско рамнински карактер.
Тепавци е познато мариовско село со карактеристичен начин на живеење. Во поранешните векови било прилично развиено, посебно по паѓањето под српска власт. Тепавци е населено со македонско население, но со неговата значителна имиграција (над 300 лица) населбата се доведе до раселување. Најголем дел се иселиле во Битола но и во прекуокеанските земји. Така во 1953 година населбата броела 454 жители, а во 1994 бројот се намалил на 44, а во 2002 останале само 25 жители, сите македонци. Во 2008 селото имаше 15 жители. Денес (2018) има само 5 жители.
Храм на селото е Св. Богородица подигнат 1767, живописан 1795 година. И храм Св. Архангел Михаил изграден во поново време.