Гнеотино

        Името на селото потекнува од личното име Гнеота. Се смета дека името го добило по составот на земјиштето – гнеот – тешка, црна, мека каллива земја.

        Населбата се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Новаци, во непосредна близина на Црна Река, а во рамките на Битолско Поле. Селото е рамнинско на 578 м. надморска височина. Од Новаци е оддалечено 8 км., а од градот Битола 19 км.

        Атарот има средна големина од 17,2 км2. Селото има полјоделска функција. Тоа е мало село. Бројот на население од 274 жители во 1961 година се намалил на 32 жители во 2002 година. Во селото живеат исклучиво Македонци.  Бројот на емигрирано население изнесува над 250 жители. Најмногу се иселени во Битола и прекуокеанските земји. Во 2008 година селото имаше 18 жители.

        Во селото има храм Св. Никола изграден во 1862 година, а обновен во 1927 година. И црква „Св. Стефан“ - манастирска црква од поново време. Се наоѓа на самиот излез од селото. Слава на селото е Св. Никола летен.

Цркви и Манастири

Св. Никола

Св. Стефан