Полог
Мариовско село сместено на јужната падина на Селечка Планина веднаш под врвовите. Населбата си го добила името по конфигурацијата на теренот, односно населбата гледана од далеку изгледала како осамено јајце во седело, а таквото јајце народот го вика Полог. Населбата се наоѓа на јужниот дел на Битолското Поле. Селото е ридско на 950 м. надморска височина, изобилува со извори на бистра вода. Низ селото тече реката Рибница.
Од Новаци е оддалечено 29 км., а од Битола 40 км. Атарот зафаќа простор од 11,5 км2. и има ридски карактер.
Во 1900 година имало 160 жители. Најголем број од 414 жители населбата имала во 1914 година од кога започнува нејзиното интензивно иселување. Во првата светска војна било воена база и командно место на Француската и Српската армија. Постоеле лечилишта (сместени во карпите над селото и во напуштените куќи). Поголем број од селаните биле интернирани во Живојно и во кавадаречко.
Од 1950 година започнало наполно иселување на селото. Бројот на иселени изнсува над 150 лица. Најголем број од населението се иселило во Битола, и прекуокеанските земји.
Во 1961 г. селото имало 117 жители, во 2002 само 2 жители а во 2008 година е целосно раселенео.
Цркви и Манастири
Св. Спас
Единствен зачуван објект е црквата Св. Воскресение Христово - Св. Спас, изградена во 1860 година а обновена по Втората светска војна.
Св. Дух - Св. Спас
Во источен правец над селото, на патот што води од Скочивир до Ивени на еден рид, од страна на Ставре со син му Васил од Полог е подигната нова црвичка Св. Дух – Св. Спас која се уште е во изградба.