Ивени
Второто име на селото било Ивановци. Според една легенда за потеклото на името се тврди дека во месноста се населил некојси Иве по кој била именувана населбата.
Ивени спаѓа во планинските села кои егзистрираат на највисока надморска височина. Се смета дека селото е создадено по 100 години по доаѓањето на Турците. Имено тие живееле во месноста Чегељ (село).
Во еден лош ден дошле Турците, ги опљачкале селаните и го запалиле селото. Куќите им биле покриени со ржаница и многу брзо изгореле. Некои од жителите се населиле во село Полог, а други си направиле прво колиби а потоа куќи во Ивени.
Први статистички податоци за Ивени среќаваме во 1900 година кога имало 160 жители. Додека пак најголем број население во селото се забележани во пописот во 1953 година кога се регистрирани максимум 321 жител. А во 2002 година само 5 жители. А сега (2018) само 2 жители. Најголем број од население се иселило во Битола и прекуокеанските земји.
Населбата се наоѓа во источниот дел на Битолското Поле, односно во битолскиот дел на Мариово.
Селото е планинско на 980 м надморска височина. Од Новаци е оддалечено 32 км., а од Битола 43 км. Селото има релативно голем атар од 25 км2.и има планински карактер.
Храм на село Ивени е Св. Спас од 18ти век. Слава на селото е Спасовден.