Орле
Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, оддалечено 34 км. североисточно од Битола. Сместено е на падините на Селечка Планина, на надморска височина од 830 метри, и се смета за ридско село. Атарот зафаќа простор од 9,8 км2. На него пасиштата заземаат површина од 593 ха, a на обработливото земјиште отпаѓаат 220 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција.
Населбата е мала, во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 226, а во 1994 година само 26 жители, населено со македонско население. Денес (2015година) во селото има само 4 жители.
Храмот Св. Недела во село Орле потекнува од 1860 г. Возобновувана повеќе пати, а од темел изградена со нов облик во 2000 г. Празник на селото е Велигден.