Грумази
Селото си го добило името по конфигурацијата на теренот, т.е се добива впечаток како да е сместено на некое грло, кое на албански се вика грумаз. Според друга легенда се кажува дека населбата била основана од сточари од некојси Груман.
Грумази се наоѓа на западните падини на Селечка планина и приближно во средишниот дел на територијата на Општина Новаци. Селото е планинско на 1090 м. надморска височина. Од Новаци е оддалечено 17 км., а од градот Битола 29 км. Атарот зафаќа простор од 8,8 км2.
Во 1961 година селото броело 111 жители, а во 2002 само 15. Во 2008 веќе се води како раселено. Најголем дел од населението е иселено во Битола и во прекуокеанските земји.
Слава на селото е Спасовден.
Цркви и Манастири
Св. Спас
Селски црковен храм е Вознесение Христово – Св. Спас изграден во 1864 година. Бил разрушен во 1927 година, дограден во 1980 година а целосно обновен во 2006 година.