Арматуш

        Првпат името на селото се среќава во еден турски документ од 1680 година. Прв статитистички податок за бројот на жители за Арматуш среќаваме во 1900 година кога имало 115 жители. Првите селани имале за задача да го чуваат редот и мирот во Битолското Поле и по потреба да ги придружуваат собирачите на данок заради обезбедување. Покрај тоа имале за задача да го следат револуционерното движење на македонскиот народ (рајата), поради што биле замразени од соседните села македонско население. Податоците говорат дека населението било со исламска вероисповест. За време на Првата Светска војна поради близината на фронтот селото било раселено. Без постојано население селото останало околу 30 години. После војната, земјата од Азис-ага ја купил Веле Трајкоски-Јама, месар од Битола. Во 1946 година државната власт ја одзела земјата на споменатиот сопственик и ја поделила на новонаселените семејства. По кажување на жителте, тука бил Чифлигот на Веле-Jамата.

        Војската на ЈНА правеше вежби на овие простори. Во долниот дел на селото има чешма која жителите ја викаат Бугарска чешма. Исто имало и бункер.

        Населбата се наоѓа во североисточен правец од Битола, односно лежи на територија на Општина Новаци, на западната падина на Селечка Планина. Селото е ридско на 750 м надморска височина. Од Новаци е оддалечено 12 км. а од Битола 22 км.  Атарот е мал и зафаќа простор од 5,4 км2. и има ридско рамнински карактер. Селото има полјоделско сточарска функција.

        Арматуш и пред 30 години била мала населба. Во 1953 година селото имало  94 жители, во 1961 броело 55 жители, 51 биле Турци а 4 Македонци. Додека во 2002 година бројот се намалил на 41 жител од кои 25 Турци и 16 Албанци. Во педестите години на 20 век во Арматуш се доселуваат фамилии од село Снегово.  

        Во селото имало црква и џамија што укажува дека порано живеело мешовито население. Селски празник им е Бајрам. Дел од населението е иселено во Битола, Турција и Германија. Во 2008 селото имаше 16 жители. Денес (2018) во селото има околу 30 жители од кои 10 се деца.