Добромири

        Постои легенда според која населбата си го добила името од придавката добар а тоа значи дека неговите жители биле доста добри и не се карале меѓу себе, ниту пак со околните села. Па затоа околните села кога зборувале за нив велеле дека се добри и мирни од каде се трансформирало денешното име Добромири.

        Населбата се наоѓа во источниот дел на Битолско Поле, од левата страна на Црна Река. Добромири од Битола е оддалечено 14 км,. и е средна по големина населба.

        Во Добромири има основно училиште до 5 одделение и во него учат околу 20 деца.

        И ова село како и другите битолски села го има зафатено силна емиграција. Така, во 1961 г. селото броело 597 жители, додека во 2002 г. бројот се намалил на 345 жители. Бројот на емигрирано население изнесува над 300 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, Прилеп, прекуокеанските земји и Европа. Но спротивно на тоа во селото има и доселено население од Демирхисарскиот крај: Церово, Боишта, Лесково, Вирово, Базерник и од Мариовско.

        Во 2008 г. селото имаше 300, а денес, (2019 година) селото брои околу 350 жители.

        Црквата Св. Никола е главната селска црква. Подигната во 1886 година, разрушена, па обновувана во 1926, а дообновена во 1951 година. Зографисана во 2001 година. Ден на селото е Св. Никола летен.

Цркви и Манастири

Св. Талалеј